Серијата директорски разрешувања во јавните претпријатија во Град Скопје продолжи со „Комунална хигиена“, каде е разрешена Косана Мазнева и на директорското место е назначен Гоце Трајковски.
Нема официјални информации за разрешувањето на Мазнева, која беше истакнувана од градоначалничката Данела Арсовска за нејзината работа. На повиците за коментар не одговорија ниту од службата на Град Скопје, додека Мазнева ни го потврди разрешувањето, без други детали.
На сајтот на „Комунална хигиена“ се’ уште стои биографијата Мазнева како директор на јавно комуналното претпријатие.
Мазнева беше именувана за директор лани во јули, откако беше разрешување кадарот на Алијанса Енуз Кока по инцидентот на неговиот брат.
За половина градоначалнички мандат, Данела Арсовска смени над десетина директори на претпријатија чии основач е Град Скопје.