Само два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан, се појави веста дека Канје Вест тајно се оженил со 28-годишната архитектка Бјанка Ценсори, но многумина не веруваа дека тоа навистина се случило, пренесува индекс.хр.
Британски Дејли Мејл дојде до дозволата за брак со која се докажува дека тие всушност се венчале на 20 декември 2022 година, а за тоа користеле таканаречена „доверлива дозвола за брак“. Според таа дозвола, Бјанка Ценсори го навела нејзиното полно име, а Вест се регистрирал како Је, името што тој законски го променил во октомври 2021 година.
Брачната двојка цело време ги чувала во тајност деталите од својата венчавка, а на почетокот на годината се шпекулираше дека се венчале, но никогаш официјално не потврдија. Во јануари годинава се венчале во Беверли Хилс, но церемонијата не била легална бидејќи не поднеле барање за дозвола за брак.
Последниве месеци беа во Европа и предизвикаа вистински метеж кога Бјанка се појави на улиците на Италија во оскудни модни изданија, кои се заслужни на таен тим дизајнери. Италијанците ја пријавиле во полиција за провокативните изданија, а парот доби и доживотна забрана за пловење со брод во Венеција откако Канје го покажа задниот дел.