Тиктокерката Џорди која на социјалните мрежи јас следат 103.000 луѓе, има 30 години, но никогаш во животот немала момче. Ова ги изненади луѓето кои ја следат, но сепак таа наведе кои се бројните предности од тоа што е сама.
„Поради многу од вас кои и понатаму се соло, сакав да го свртам вниманието и да потврдам дека самечкиот живот воопшто не е лош. Јас веќе наполнив 30 години и никогаш во животот не сум имала апртнер. Ми се чини дека сум единствена во друштвото и често сум сведок на бројни љубовни врски на моите пријателки. Исто така, сведок сум на нивните кавги и раскинувања. Можеби звучи налудничаво, но мене ваквиот начин на живот многу ми одговара“, истакна девојката – пренесува San.
Таа објасни дека е убаво да се има партнер, но сепак таа би можела да преживее дури и ако не ја најде својата сродна душа.
„Способна сум да живеам сама, во секоја смисла на зборот. Секако дека би било убаво да го запознаам мажот од моите соништа, но ми се чини дека и тоа кога-тогаш би можело да се случи. До тогаш имам добра работа, платата би можела да ми биде повисока, но ни вака не е лошо. Немам обврски, па можам да се преселам и да живеам каде сакам. Имам семејство кое го сакам и не можам да се пожалам дека нешто ми пречи. Тажно е што сите мислат дека врв во животот е да најдеш партнер и да се омажиш, но тука животот не застанува. Да бев во врска со некој во дваесеттите, немаше да бидам личност каква што сум сега. Можеби многумина мислат дека сум премногу стара со оглед дека имам 30 години, а никогаш не сум имала момче, меѓутоа јас мислам спротивно. Сѐ уште сум млада и животот е пред мене“, вели Џорди.