Кристијано Роналдо се враќа на суд поради обвинувањата дека во 2010 година платил за молчење на Кетрин Мајорга, која го обвини за силување, пренесува индекс.хр.
На Кетрин, која се откажа од правото на анонимност, и беа платени 375.000 долари за да молчи. Таа кажала како ја силувал во хотел во Лас Вегас во јуни 2009 година, а тој жестоко негирал. Минатата година во јуни тужбата беше отфрлена поради несовесно однесување и украдени документи. Сепак, во среда американскиот суд ќе ги сослуша адвокатите кои сакаат да ги оживеат обидите на Мајорга да го натера Роналдо да и плати милиони.
Нејзиниот правен тим бара од судот да го поништи отфрлањето на нејзиниот случај и повторно да ја отвори граѓанската тужба што таа ја поднесе во Невада во 2018 година. Тие тврдат дека федералниот судија во Невада згрешил кога постојано ги отфрлал обидите на Мајорга да внесе доказ договор за доверливост што го потпишала во 2010 година кога добила пари од Роналдо.
Роналдо ги отфрли обвинувањата во изјава во октомври 2018 година.
„Одлучно ги отфрлам обвинувањата против мене. Силувањето е грозоморно злосторство кое е спротивно на се што сум и во што верувам“, изјави фудбалерот.
Неговиот правен тим тврди дека сексот бил консензуален и дека договорот за доверливост ги спречува и неговиот тим и Мајорга да зборуваат за тоа.