Европската коалиција на партиите кои се залагаат за интеграција и напредување на Северна Македонија во Европската Унија ќе биде победничка на следните претседателски, а потоа и на парламентарните избори, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека европскиот фронт може да излезе заеднички на следните избори, Ковачевски, рече дека тој прв дал изјава дека во нашата држава постојат два концепта, еден за ЕУ и еден за изолација, и дека„ тоа е она на што мисли и претседателот на ДУИ, Ахмети“.
-Во однос на изборниот настап, и јас потврдувам дека на следните претседателски избори, бидејќи прво одат претседателските, па потоа парламентарните избори, кандидатот на европската коалиција на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за интеграција на Северна Македонија во Европска Унија ќе биде победничкиот кандидат и ќе биде избран за претседател на Република Северна Македонија, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која што е за европска Македонија исто така ќе ја формира повторно следната влада во државата, изјави Ковачевски.