По кратка расправија, рано изутрината околу 06.15 часот во Кочани, У.Р.(59) со остар предмет ѝ нанел убодни рани на Т.М.(46), негова сограѓанка од Кочани, по што таа починала. Настанот се случил пред домот во Кочани, каде престојувала жената.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.
-Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р., соопшти СВР Штип.
Убиството го потврди и МВР.
-Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Детали за мотивите и околностите на убиството, засега не се соопштуваат.