Праксата на отворање повеќе различни профили за разни намени, е стара колку и самите социјални мрежи. Корисниците отсекогаш го прават тоа, некои за да се забавуваат, некои затоа што сакаат лажно да се претстават. Сето тоа, според правилата за користење на социјалните мрежи, не беше целосно „легално“. Досега мрежите ги третираа таквите дополнителни профили како одвоени корисници. Но, најголемата мрежа меѓу нив, фејсбук сега воведува можност за сосема легитимно отворање на дополнителен личен профил, поврзан со основниот.
Еден корисник, повеќе личности
Целта е да им се овозможи на корисниците да го „организираат своето искуство“, на социјалната мрежа. На пример, ако сакате да имате еден профил за лични, а еден за деловни потреби, тоа сега и ќе можете да го направите, а при тоа нема да морате да се одјавите од едниот профил, па да се најавите на другиот. Промената на активниот профил ќе биде едноставна, односно само со еден клик. При тоа, секој од профилите ќе ви озможи да имате друг круг на пријатели, да учествувате во различни групи и да „лајкувате“ различни страници.
Овој потег во компанијата Мета го аргументираат со успешното лансирање на истите функции на Инстаграм и минатогодишното тестирање на самиот Фејсбук.