Францускиот претседател Емануел Макрон и кралот Чарлс III се сретнаа во Париз на долгоочекуваната тридневна државна посета на британскиот монарх, пренесува Еуроњуз
Покрај сериозните теми на разговор меѓу францускиот претседател и британскиот крал, вниманието на светските медиуми го привлече и раскошната државна вечера која била подготвена во чест на кралската двојка.
Како што пренесуваат медиумите, на менито имало син јастог, француска живина Bresse со гратинирани печурки, подготвени од француските готвачи Ане-Софи Пик и Ианик Алено, наградени со по три Мишелинови ѕвездички. Изборот на сирење ќе вклучува француско Comte и британски Stichelton сино сирење.
Stichelton е сино сирење слично на Стилтон, само што не користи пастеризирано млеко. Името доаѓа од античката форма на името на селото Стилтон во Кембриџшир, Англија.
На тањирот со сирење се нашло и пелардон, сирово сирење од козјо млеко кое е симбол на регионите Seven и Langedok, како и Comte de Grande Garde Гарде, кое созревало 30 месеци.
За десерт, светски познатиот слаткар Пјер Херме ќе го подготви својот макарон направен со крем од ливчиња од роза и малини.
Оваа државна вечера во присуство на повеќе од 150 гости, се смета за еден од најважните моменти на посетата на кралската двојка на Франција.
Меѓу поканетите се британскиот актер Хју Грант, писателот Кен Фолет, пејачот на Ролинг Стоунс Мик Џегер…