По упатство од Министерството за образование и наука, а со целосна поддршка од
Локалната самоуправа на Виница, во ОУ „Славчо Стојменски“ е донесена одлука за целосна забрана учениците д користат мобилни телефони за време на наставата, пишува локалниот портал Канал8.
Употребата на мобилните ќе биде ограничена и за наставниците. Секој родител ќе има
телефонски број од клaсниот раководител, од стручните служби и од директорот за каква
било потреба од учениците.
Од училиштето соопштуваат дека секој телефон што ќе биде откриен, односно ќе се
користи за време на наставата ќе биде одземен и вратен кон крајот на учебната година.