Клиничка болница-Штип достави ново барања до министерствата за здравство и за финансии за вработување на уште дваесетина лекари, медицински сестри, физиотерапевти, болничари, хигиеничарки и друг персонал, потврди денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.
-Искрено се надевам дека ќе добиеме позитивно мислење од министерството за финансии и тие вработувања да ги реализираме до крајот на годината, вели Ѓеорѓијев.
Прашан дали се уште е надвор од функција магнетната резонца, Ѓеорѓијев со потврден одговор, додавајќи дека станува збор за голем дефект.
-Конечно ја добивме понудата, колку ќе не чини тоа, заедно се ставени со компјутерот, бидејќи и таму некои ситни дефекти кои треба да се отсранат. Станува збор за сериозна сума, која е некаде над 100.000 евра. Ние ќе најдеме начини и средства од каде ќе го направиме тоа. Деновиве треба да помине на Управен одбор како нова набавка и ќе ја почнеме процедурата на магнетната резонанца. Знаете дека ние сме врзани со понудата од овластениот сервисер на секој апарат, а особено на ваквите скапи апарати,какошто се магнетната резонанца и компјутерскиот томограф, вели Ѓеорѓијев.
Посочи дека завршен е еден процес за специјалзиации и субспецијализации за лекари во штипската Клиничка болница. Неколку доктори добиле специјализации, а голем дел од лекарите имаат и субспецијализации.
-Во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени нивните имиња, согласно одлуката на Управниот одбор, ќе бидат доставени до деканите на соодветните Медицински факултети и се надевам дека веќе во октомври ќе им бидат изготвени решенијата и првата група на лекари ќе тргнат со специјализации и субспецијализации, вели Ѓеорѓијев.
Шест лекари ќе чекаат во 2024 година да добијат специјализации, а оние коишто добиле специјализации од оваа година се за ендокринологија, педијатрија, а остантите се субспецијализации во повеќе медицински гранки. Штипската Клиничка болница три години немаше вработување на кадар, во август беа вработени 16 лица, меѓу кои и лекари, а до крајот на годината се очекува да се вработат уште дваесеттина лица. МИА како што претходно информираше во овој регионален центар на почетокот на годината имаше недостаток од 100 вработени, а по три години конечно и млади лекари добија и специјализации.
Прашан за Онколошкиот оддел, Ѓеорѓијев истакна дека функционира со еден онколог.