СВР Охрид ја известува јавноста дека од утре, 19.09.2023 година (вторник), на сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид. Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси постојката на булеварот „Македонски просветители“, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата „Партизанска“, a локацијата да биде пренаменета во паркинг простор.
Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.
СВР Охрид упатува апел до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, утре, на посочените локации и практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.