Право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.
Од ЈСП потсетија на процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот.
На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год).
Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.
Билетот „Скопска“е единствениот валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.