Ирена Мулачка, новинарката на Фокус, која подолго време пишуваше за злоупотребите на Клиниката за онкологија во Скопје, во емисијата стадион на Канал 77 кажа дека поминала низ голготата на карциномот и неговиот третман преку искуството на нејзината сега покојна мајка. Лекувањето и третманот на нејзината мајка, како што опиша го следела низ една состојба на безредие и целосно отсуство на емпатија кај докторите кон најтешко болните пациенти.
-Мајка ми почина во 2021 година на 56 години возраст од рак на бели дробови, но ништо од тоа што излезе не е поврзано со тој случај. Емпатијата на докторите ја нема, ни јас кога сум била присутна, ни таа кога била сама. Јас за мојата мајка не можам ништо да тврдам, не ја ставам во групата на пациенти, кои не биле лекувани како треба. Карциномот на белите дробови метастазираше на мозокот и почина на најлош можен начин. Бев присутна, го видов тоа безредие на Клиниката. Тоа е страшно. Но, немав тогаш толку материјали колку што имам сега, рече Мулачка во Стадион.
Новинарката смета дека состојбата на Онкологија реално не е поразлично на другите клиники, но Онкологија, како што рече, предничи.
-Таква анархија, кога се работи за најтешко болни, кои чек со часови за најобичен преглед, за терапија, па и во време Ковид, кога беше најорганизирано, не се знаеше кој влегува, а кој излегува. И сега е исто. Лекарот ќе ти посвети две минути во кои молчи и тогаш не ти објаснува ништо. Ти значи да чуеш еден збор. Сум се јавувала отпосле да разберам нешто. Не знаеш каков исход ќе имаш. Тие пациентите заслужуваат човечност и малку емпатија. Тоа таму малку го има…има лекари, но повеќето се такви, рече Мулачка.