Не е објаснета причината за пресметката, но од податоците што ги сподели Секторот за внатрешни работи од Штип, се работи за случај од синоќа, со учество на две жени на возраст од 46 и 65 години.
-На 12.09.2023 во 20.59 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 20.55 часот во ходник на станбена зграда на ул.„Солидарност“ во Штип, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(46) и С.А.(65), двете од Штип, соопшти СВР Штип.
По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.