Владина делегација отпатувала во Унгарија и заедно со поранешниот премиер Никола Груевски ги договориле судските случаи во кои ќе биде амнестиран. Ова во изјава за ТВ Алсат го тврди првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши. Тој изјави дека неговата партија има информации дека за измените на Кривичниот законик во Будимпешта.
-Делегација на Владата и висок функционер на Министерството за правда отишле таму и заедно со Груевски ги разгледувале случаите во кои е осуден и обвинет и ја увиделе можноста како со измените на Кривичниот законик може да се врати овде во Македонија. За кривичните дела за кои Груевски е осуден во отсуство да се врати судскиот процес, а за другите процеси да се запрат, да се простат или застарат. Сето тоа се прави со образложение дека потегот наводно се прави за уставни измени, а всушност тоа се прави од причини за лично простување на нивните кражби што ги прават и на тој начин мислат да предизвикаат забуна кај македонскиот електорат“, кажа Гаши во интервјуто за вестите на Алсат.
Законските измени беа внесени и одобрени во забрзана постапка, користејќи го европското знаменце, на изненадување на јавноста. Вакви законски измени ВМРО-ДПМНЕ бараше во 2018 година на тогашните средби на претседателството на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, што сега ги предложи владата на СДСМ и ДУИ.
Најспорни се измените во членот 353 во делото злоупотреба на службените лица, каде се укинува затворската казни од најмалку три и пет години што со измените се предвидува помала казна затвор од една до четири години. Спорни се измените кои водат кон побрзо застарување на предметите.