Кога за првпат комуницирате со манипулатор, ништо не делува невообичаено.
Луѓето кои се манипулатори делуваат грижливо, шармантно и заводливо, но со текот на времето кога ќе почнат да ги тргаат маските, личноста сфаќа дека се поврзала со манипулатор кој си игра со нејзините чувства, а со тоа ѝ ја нарушува и самодовербата.
Манипулаторот користи разни техники и стратегии, а во комуникацијата може да го препознаете по токичните фрази кои ги користи, а кои сепак делуваат „наивно“.
Види што ме натера да направам
Ова е една од клучните фрази кои ги користи манипулаторот. Тој се преправа дека не ги контролира свите постапки и сака на вас да ја префрли одговорноста за своето однесување. Манипулаторот скоро никогаш нема да ги признае своите грешки, а вешто го користи моментот вината да ја префрли на вас, загрозувајќи ја вашата самодоверба и правејќи да се чувствувате лошо. Најчесто оваа фраза ја користи за да ги контролира другите.
Како да реагирате?
„Не те натерав да направиш ништо“. Дајте му до знаење на манипулаторот дека нема да сносите одговорност за неговите постапки, бидејќи никој освен вас не може да ве контролира. Не дозволувајте да ве обвинува.
Твоето однесување не е нормално
Манипулаторите сакаат да ве натераат да мислите дека не разбирате што правите. Кога ќе се обидете да го опишете проблемот, манипулаторот ќе ви каже дека сте во заблуда. Манипулаторите се обидуваат да ги направат другите луѓе „луди“, ве обвинуваат дека не сте рационални, а тоа може да ве наведе да се повлечете во себе прашувајќи се дали сте при здрав разум.
Како да реагирате?
Бидете мирни и резервирани. Секако една ваква фраза лесно би можела да ве вознемири, но не дозволувајте да ве извади од такт. Јасно и мирно искажете го својот став, не влегувајте во расправија со манипулатрот и не докажувајте му дека сте во право, бидејќи тоа дополнително ќе ве вознемири.
Секогаш претеруваш
Манипулаторите сакаат да ја користат оваа фраза за да ви покажат дека вашите проблеми се измислени. Доколку манипулаторот сака да ве вознемири, тој секако ќе ја изговори оваа фраза и ќе инсистира дека вие сте оној што драматизира. На овој начин манипулаторите се обидуваат да ги намалат грешките кои ги направиле.
Како да реагирате?
Оваа конкретна фраза би можела да биде почеток на манипулативен чин. Ако ви велат дека ги преувеличувате работите и премногу размислувате, верувајте и на својата интуиција. Одговорете му на манипулаторот: „Јас целосно здраво и рацинално ја набљудувам ситуацијата Затоа ми е важно да зборуваме за овој проблем“. Вклучете го манипулаторот во решавањето на вашите проблеми и можно е да видите како полека тој исчезнува од вашиот живот.
Извини
Повеќето луѓе чувствуваат олеснување кога ќе добијат извинување и подготвени се да простат, но бидете внимателни со манипулатрите. За нив „извини“ е омилена фраза, но сепак не го менуваат своето лошо однесување.
Кaко да реагирате?
„Благодарам на извинувањето, но не сум подготвен да се смириме додека не видам дека твоето однесување навистина не се променило“.
Способноста за контрола на сопствените граници е клучна за контролата на манипулаторот. Научете се да велите „не“, а доколку манипулаторот и понатаму не се менува, знајте дека таа личност која никако не ве прави среќна, не вреди за да страдате.
Извор: sensa.mondo.rs