Парот открил дека се братучеди неколку години откако се венчале. Откритието не им дошло пријатно, а еве што одлучија кога станува збор за нивната врска.
Ник и Тајли го споделија своето откритие во видео што го објавија на ТикТок. Двојката рече дека откриле дека се братучеди три години откако се венчале.
-Во брак сме повеќе од три години и само што дознавме дека сме братучеди. Би сакале да е шега.
Но, ова не се единствените чудни факти за парот. Тие велат дека го делат истиот роденден и луѓето често им велат дека личат.
Нивните следбеници, а и пошироко на социјалните мрежи останаа шокирани кога парот објави дека меѓу нив постои семејна врска. А видеото стана вирално и е прегледано преку 5,6 милиони пати
@tyleewaters I wish I was kidding🤭 #marriedlife #husbandwife #couplegoals #couplecomedy #humor #ick #storytime #family #dating #funny #utah #utahcheck #fyp ♬ Sweet Home Alabama – Lynyrd Skynyrd
Многумина пишуваа колку беше морничаво и чудно и колку беа шокирани, но Ник и Тајли открија дека сепак ќе бидат заедно. Двојката одговори на коментатор кој праша дали се уште се во брак откако дозна дека се во роднинска врска.
-Навистина многу размислувавме, беше тешко, но нашиот одговор е „да“.
Луѓето уште еднаш беа шокирани од откривањето на парот. Еден корисник заклучил:
-Значи, ќе имате деца заедно.
-Морничаво, додаде уште еден.
Двојката допрва треба да открие како дошле до откритието или точно како се крвно поврзани.
(Курир.рс/ Сонцето/ Блиц жена)