Во моментов, рестораните низ Европа се соочуваат со недостиг на персонал, па некои решија да го намалат менито или работното време за да преживеат, да останат отворени и да ги услужат гостите во најдобри услови. Но, има и такви кои решиле да инвестираат во вработени за да имаат доволно работници.
Весникот NZZ am Sonntag пишува дека келнер од Цирих во јуни добил плата од 16.500 франци (околу 17.200 евра), благодарение на новиот метод на наградување што ресторанот го вовел во своите ресторани, пишува Mattinonline.
Сопственикот на синџирот ресторани им дозволил на работниците да го поделат вкупниот приход со него.
Пеклард, кој заедно со својот партнер поседува 16 локали, за неделникот NZZ am Sonntag објаснил дека на лето мора да има што повеќе келнери на располагање, а за да ги задржи се договорил со нив – на платата додава сума, која варира и изнесува помеѓу 7 и 8% од вкупниот приход, пишува Ла Република.
– Резултатот е дека „во просек нашите вработени добиваат меѓу 8.000 и 12.000 франци месечно – објаснува Мишел.
Највисоката добиена плата досега е 16.500 франци и не вклучува бакшиш. Келнерите и другите работници работат со поголема мотивација кога го делат вкупниот приход, а од воведувањето на овој вид на надоместок, квалитетот на услугата во неговите ресторани значително се зголеми.
– Вработените работат совесно како самите да се сопственици на ресторанот – пишува Mattinonline.
Сепак, моделот на Мишел Пеклард не наиде на едногласна поддршка, на пример во синдикатот на Унијата. Иако синдикатот ги поздравува повисоките плати за келнерите, синдикатот се прашува дали вработените во ресторанот едноставно станале продавачи наместо келнери, пренесува Нов лист.