Д-р Виолета Клисарова беше прашана и зошто пациентите чекаат толку многу, и зошто екс директор на Клиниката, Нино Васев денес дошол на работа.
-Знаев дека имало обид за кражба, дека лицето било вратено, јас будно ја следев ситуацијата и реагирав. Јавна тајна беше дека медицинско лице врши кражба. Кога се утврди дело,јас делував. А дали на пациентите се давало само физиолошки раствор да кажам, да ве замолам да разберете, лековите нормално се разредуваат во физиолошки раствор. Но, тоа не значи дека некому ке му се даде терапија без лек или ќе му се преполови терапијата. Одговорно тврдам дека од 26 ноември 2022 година дека секој пациент ја добива терапијата без никаква манипулација. Ве молам не ги вознемирувајте пациентите, рече таа, и се огради на новинаркото прашање кој ќе ги смири пациентите и нивните блиски пред 22 ноември од 2022 година.
Директорката рече дека поради сестрата крадачка, која на 23 мај 2023 година е отпуштена, која била сестра во дневната болница и не била поврзана со растварање на лековите.
-Поради неа една од безбедносните мерки е ограничен број на сестри да влезат во делот кај што се лековите. Секој ден се знае кој е во допир со растворање на лековите, рече таа.
На прашањето за Васев, Клисаровска рече:
-Точно е дека докторот е на работа затоа што јас како директор немам добиено никакво решение за да биде остсртранет од работа. Од дното на душата сакам да се открие, вината да добие име и презиме и пациентите да ја вратат довербата, рече д-р Клисаровска.
Во врска со тоа дека пациентите иако тешко болни и едвај одат, сепак, по неколку часа чекаат по ходниците, таа рече:
-Правена е анализа од 2017 година и нашата институцуја е единствена, која за жал го носи товарот за грижата за ваквите пациенти. Забележано е дека од 2017 година ние имаме големо зголемување на пациенти и оваа година ќе го срушиме рекордот од над 5.000 нови пациенти во годината. Се реализираат над 90.00 прегледи годишно. Ние кадровки, просторно и кадровски имаме проблем а зголемување на бројот на пациенти. Ние за жал функционираме со истиот персонал, кога во 2017 година имало дупло помалку пациенти. Треба да имаме дисперзија на пациентите, се губи квалитетот. Затоа кај нас и МОЈ Термин не може да пости, дневно поминуваат по стотици пациенти и невозможно е да се постаса без да се почека, рече Клисаровска.
Министерот вети дисперзирање кадри во неколку градови во државата, за да се олесни на Клиниката за онкологија.