Пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, го отстрани од Youtube каналот на Светлана Цеце Ражнатовиќ нивниот дует „Црни синег“ кој е снимен во 1999 година.
Неговиот тим излезе со официјално соопштение.
-Ја избришавме аудио снимката од каналот „Цеца мјузик“. Ќе ја избришеме и Маракана, како и сите други снимки на кои Лукас се емитувал неовластено. Можевме веднаш да и го избришеме целиот канал бидејќи има повеќе од три видеа со Ацa на него, но не го направивме. Ќе го избришеме и секој друг дует ако не го отстрани затоа што не ни ги вратила хонорарите што ги собрала од Youtube и дигиталните платформи. Ова го сметаме за кражба на правата на изведувачот и продуцентот и затоа го направивме – се вели во соопштението.
Цеца засега не се изјаснила за ова.