Минатата вечер во периодот од 22.00 до 01.30 часот на место викано „Бабуна” во Велес, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога.
-Полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023″ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила. Притоа, во 22 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од селоТеарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин. ,
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.