Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи.
Како што соопшти Царинската управа, поради сомневање, царинските службеници пристапиле кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари.
-Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка, информира Царинската управа.
Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.
фото: Царинска управа