Како би се чувствувале ако земете животно дома и го одгледувате како куче две години, за да испадне дека е нешто друго?
Невообичаен случај од Кина – младата Су Јун купи кученце за кое мислеше дека е тибетски мастиф и го однесе дома. Целото семејство беше сведок на неговиот огромен апетит за храна. Сите беа импресионирани. Кученцето јадело по цела кутија овошје и две кофи шпагети дневно.
Кога кучето тежеше 114 килограми, почна да оди на задните нозе. Семејството на Су Јун сфати дека направиле голема грешка. Кучето не било куче, туку азиска црна мечка.
А бидејќи семејството се плаши од мечки и не можело да се грижи за такво животно, тие ја дале мечката во Центарот за спасување на дивиот свет во Јунан. Замислете да им требаше уште една година за да сфатат…