Џоан Колинс (90), познатата Алексис од серијата „Династија“, ја покажа својата линија.
Легендарната актерка позираше покрај базен во својата вила во Франција, а фотографиите ги објави стилистот Рене Хирш.
-Пиење ледено кафе покрај базен со дамата Џоана Колинс – напишал стилистoт покрај фотографиите со Колинс во бел костим за капење и капа.
Џоан неодамна ја објави својата автобиографија “My Unapologetic Diaries” во која откри бројни тајни од приватниот живот, но и од Холивуд.
Џоан Колинс секогаш знае да изненади, а сега ги воодушеви сите свои фанови со фотографии од Сен Тропе.
Таа се соблече во бикини и покажа како ужива на базен со нејзиниот петти сопруг Перси Гибсон.
Сите забележаа дека актерката изгледа одлично на прагот на 10-тата деценија