Драган Стојковиќ Босанац јавно ја фалеше својата ќерка, додека синот Александар го криеше од јавноста! Вчера одекна веста за насилство во домот на семејството Стојковиќ кога синот Александар го нападнал својот татко Драган, по што завршил во полиција.
Познатиот композитор е горд на својата ќерка Александра – Џиџа за која има пофални зборови, но во јавноста тој никогаш нема кажано ништо за синот Александар.
Пред 15 години, Босанац го прати својот син во Америка поради проблем со законот. Имено, тој бил дете за пример сѐ додека една вечер не направил сообраќајна несреќа и не избегал од местото на настанот.
„Имам син, па? Што има да зборувам за тоа? Тој не се занимава со јавна работа и не морам да го експонирам. Тој живее во Белград и не е оженет, иако патуваше во Америка, тоа не беше за да живее таму“, изјави композиторот за српски „Ало“.