Прекрасен момент се случил на летот на познатата нискобуџетна авиокомпанија РајанЕр.
Ли ја запросил својата девојка Леа во текот на летото, а таа одговорила да. Овој момент го сподели на социјалната мрежа X.com каде објавата стана вирална.
Она што ја направи ситуацијата урнебесна е објавата на РајанЕр, компанијата на која во текот на летот се случил овој предлог.
Како одговор на објавата на Ли, тие напишаа: „Леа, трепни двапати ако сакаш друго место“.
Proposed to Leah on a @Ryanair flight with her family there. Luckily she said Yes 💍 pic.twitter.com/4nHNBEAbPt
— Lee (Elpy) 🇮🇪 (@ItsJustLeeHere) August 14, 2023
Оваа објава ја виделе дури 2,6 милиони луѓе. Сепак, ова не е ништо чудно за РајанЕр, чиј тим кој ги води нивните профили на социјалните мрежи ги одржува во интеракција со нивните следбеници, често со различни хумористични објави.