Тврдењата на бугарските власти и бугарските политичари дека бугарскиот Устав не признава етнички малцинства не само што не е точно, туку во пракса бугарската држава спроведува нерамноправен третман меѓу малцинствата. Бугарија има и други начини да го признае македонското малцинство, по пример на други етнички заедници во земјата. Меѓутоа, Бугарија не ги признава Македонците. Потврда за ова е дека има многу регистрации на организации на Роми, Турци, Евреи, Ерменци и секакви други етнички малцинства, но Македонците не само што не можат да регистрираат македонски организации, туку и две што успееја да се озаконат, беа дерегистрирани .
Ова го вели Красимир К’нев, претседател на Бугарскиот Хелшински комитет, кој додава дека Бугарија е цврста во своето негирање на Македонците и нема да ги признае македонските организации. К’нев, кој самиот бил предмет на физички напад од националистичките сили, вели дека Македонија и Бугарија во однос на преговорите не се рамноправни. Македонија е земја кандидат, додека Бугарија е членка на ЕУ и како таква може да диктира условување, додека од Македонија се бара само да се исполнува.
Во интервју за емисијата „Стадион“ на Канал 77, К’нев потврдува дека македонска заедница е меѓу првите три етнички заедници, кои се предмет на говор на омраза.
Во продолжение интеревјуто:
Вистина ли е дека бугарскиот Устав на признава етнички заедници?
-Не, не е тоа точно. Има член во Уставот во кој зборува за етничките заедници. Но, не само во Уставот, има најразлични начини да се признаат етничките малцинства. Еден од начините е во Уставот, како и во Македонија но има и многу други начини, на пример преку регистрација на здруженија во Регистарот. И во Бугарија има многу регистрации на организации на Роми, Турци, Евреи, Ерменци и секакви други етнички малцинства. Единствен исклучок од тоа се Македонците. Бугарија не ги признава Македонците. Имало многу обиди да се регистрираат македонските организации и сите се одбиени. Има два случаи кога регистрациите беа успешни,а за кои Обинителството и други органи почнуваа постапка и беа дерегистрирани“.
Сепак, бугарскиот устав не е целосно рамнодушен кон етничките малцинства. Бугарија не си го почитува ниту сопствениот устав чл. 6 од Уставот на Република Бугарија, кој не дозволува ограничување на правата поради етничка припадност. Впрочем, на веб-страницата на Бугарскиот Хелсиншки комитет во врска со статусот на етничките малцинства во државите, меѓу другото се вели:„Постоењето на едно етничко/национално малцинство е прашање на факт. Тоа не произлегува од неговото признавање од државата. Напротив, државата има обврска да го признае кога тоа постои. Признавањето може да се оствари со различни средства. Во некои земји малцинствата се наведени во уставот и во законите; во други – во административни акти; во трети – во судски одлуки (на пример за признавање на здружение на определено малцинство)“.
Со член 6 од Уставот на Бугарија, не се дозовлува ограничување на правата поради етничка припадност. Бугарската држава со ваквото однесување го крши сопствениот Устав.
-Не само Уставот туку и Европската Конвенција за човекови права, што е дел од внатрешното право на Бугарија. Има многу одлуки на Европскиот суд, кој го потврдува кршењето на човековите права и за жал, тоа е состојба за која продолжуваме да се бориме“.
Постои Националниот совет за соработка за етничките и интегративните прашања, владино тело, кое го води вицепремиер, како институционално решение на Бугарија за етничките малцинства. Што работи овој Совет во поглед на состојбата на македонските национални припадници?
-Јас не би му посветувал внимание на тој Нацонален совет, затоа што не работи во прилог на ниту едно национално малцинство, но е факт дека таму Македониците никогаш немаат присуствувано, ниту македонски организации, бидејќи едно од барањата за членство во тој Националне совет е организацијата да биде регистрирана. Но, како што немаме до сега регистрирана организација, нема ниедна македонска организација која е членка“.
Како се штитат обичаите, јазикот, традицијата, културата на етничките заедници во Бугарија? Постојат ли училишта, емисии на туски, ромски, ерменски јазик?
-Од сите малцинства, единствено турското малцинство има признато од државата можнот да има некакви емисии, сосема кратки на националната телевизија. Единствено турскиот јазик се изучува во училиштата, но многу мал број на ученици. Евреите имаат мала можност. Има едно мало еврејско училиште во Софија, каде се изучува дијалект кој не е нивниот јазик, тие традиционално употребуваа и продолжуваат понатаму да употребуваат латино или шпански. Останатите малцинства изучуваат, ако воопшто изучуваат приватно“.
Бугарскиот Попис не е веродостоен
На Пописот во Бугарија се изјаснија 1.140 како Македонци. Толку колку Татари и Италијанци.
-Бројките од Пописот треба условено да се земаат за сите етнички малцинства, вклучително и за Македонците. Ова од повеќе причини – има многу луѓе кои се плашат да кажат која националност се, особено кога се прави со посети по домовите од страна на попишувач. Тие што се пријавени како Македонци, тоа го направиле онлајн. Ретко кои на попишувачи кажуваат кога некој им дошол дома. Има докази дека дел од податоците се фалсификат. Има примери кажал Македонец, а попишувачот пишал друга националност.
К’нев, Вие сте еден од ретките во Бугарија кои велат дека има Македонци во Бугарија и тоа доста. Дали имате проблеми? Токму за Хелинскиот комитет имаше барање за забрана од страна на евриопраеникот Џамбазки.
-Имаше притисоци врз нас и слични организации, тоа беше во периодот 2017 – 2021 година, кога беа најмрачните години од гледна точка за човековите права во бугарското општество, кога на власта беа националистички сили, Обединети патриоти, во кои дел беа ВМРО и некои други крајно националистички формации. Закани за затвор имаше за нас и други. И тоа не беа единствените форми на притисок кон организациите за заштита на човековите права. Пред нашите канцеларии во Софија имаше протести од нациионалистичките организации, имаше напади на улица. Јас лично бев физички нападнат на улица од такви луѓе. Имаше и најразличи други форми на малертретирање – онлајн и физички кога одиме на разни места. Но, ние се надеваме дека тие години неповратно заминааа. Сега притисоци врз организациите за заштита на правата нема, но остануваат неколку отворени прашања како прашањето за признавање на Македонците. Во тоа нема разлика во мислењето на сегашната и претходната власт“.
Говор на омраза против Македонците
Последниве години во Македонија зголемен е бројот на поплаки и претставки до Комисијата за заштита од дискриминацијаи до Хелшинскиот комитет по основ на говор на омраза кон Бугари, бугарски грагани, здруженија и клубови на Бугарите во Македонија…Вие имате изјавено дека муслимните, Ромите и Македонците се најчеста мета на дезинформации во Бугарија и бугарското општество. Има ли говор на омраза кон Македонија и Македонците? Има ли претставки и поплаки на пример, испратени до Бугарскиот Хелшински комитет по оваа основа?
-Има, се разбира. Како еден суд може да ви каже: „Нема да ви ја регистрираме организацијата затоа што е македонска, а Македонци во Бугарија нема, затоа што ако би имало тоа би било кршење на Уставот“?!. Тоа е една форма на говор на омраза. Наспроти ова, има исто претставки од организации, индивидуални претставки од Македонци, како и против Македонија и Македонци за искажан говор на омраза. Предмет на говор на омраза се и други групи, за Ромите многу често, странците, мигрантите…кон нив има и многу тешки форми на дискринаторски прекршувања. Евреите поекогаш се предмет на антисемитки говор на омраза.
Како е одзивот од случувањата со уставните промени во Македонија? Или тоа не се следи?
-Официјалната позизија на бугарските власти е Бугарите да бидат впишани во македонскиот Устав, и на едно таков барање е тешко да се спритивставите со аргумент, кога имате други етникуми кои се впишани во Уставот. Тешко е дека може да речете нешто, кога едни се впишани други не. Македонија официјално го признава приството на Бугарите и бугарски организации. Тешко може да објасните зошто едните ги има другите не. Позицијата на Бугарија е таа да настојува во рамките на ЕУ и самостојно Бугарите да бидат вишани. Не мислам дека ќе се откажат од тоа барање, ни ЕУ ќе се откаже од барањето„.
Бугарија условува од позиција земја членка на ЕУ
Дали со зголемен интерес се следат случувањата во Македонија со уставните промени, вклучително и вчерашната расправа во Собранието или имате поголеми теми?
-Не, вчера имаше ширко покривање на дебатите во македонскиот Парламент по таа тема за измена на Уставот и има интерес и од општеството и од медиумите, таа тема се следи и ќе се следи“.
Имате ли соработка со организациите со човекови права во Македонија? Имате ли проблеми како тие на релација Македонија – Бугарија?
-Никакви пробеми, Ние сме имале борјни случаи за заендичко решавање, заеднички проекти и никакви проблем со граѓанските организации. Нашата организација нема никакви проблеми и со владините институции во Македонија“.
Како гледате на предлогот за формирање за заедничка комисија со македонскиот Хелшински комитет и други организации кои се занимаваат со човекови права, да почне да им помага на владите и политичарите?
-Ние имаме обид уште во времето кога Мето Јовановски беше претседател и имавме неколку препораки кон владите на двете држави. Нема да се согласи Бугарија, која е доста цврста во своето негирање на Македонците, нема да ги признае македонските организации и нема да се согласи. И за жал, Македонија и Бугарија во одно на преговорите не се рамноправни – Македонија е земја кандидат, додека Бугарија е членка на ЕУ и Бугарија може да диктира условување, додека од Македонија се бара само да се исполнува, така како што беше порано и со Грција“, вели Красимир К’нев од Бугарскиот Хелшински комитет.
В.К.