Филмот „Офицерот со розата“ стана југословенска класика, иако филмските критичари имаа многу поделени мислења. Меѓутоа, многубројната публика беше воодушевена од двете актерки кои ги играа насловните улоги, но и од Жарко Лаушевиќ кој во тоа време беше неодолив. Иако филмот премиерно беше прикажан во 1987 година, многумина се уште го гледаат ова култно остварување.
Дејството во оваа мелодрама се одвива во 1945 година во Загреб непосредно по Втората светска војна. Партизанскиот офицер Петар е во врска со партизанката Лилјана, но влегува во страстна врска со Матилда, вдовица од повисока класа. Филмот доживеа голема популарност. Сцената во која Лилјана и Матилда се бањаат заедно со када, предизвика бурна расправа у тогашна Југославија.
Офицерот Петар го глуми Жарко Лаушевиќ, а жените кои ќе го поделат неговото срце, по што ќе го одведат во смрт, беа Ксенија Пајиќ во улога на Матилда и Драгана Мркиќ која ја играше Лилјана.
„Сцената во која јас и Ксенија се бањаме во када ја снимавме во еден стан во Загреб. Се сеќавам дека на сетот имаше многу смеа и сцената ја доживеавме целосно нормално и опуштено“, раскажа Драгана во едно интервју.
Тогаш изјави дека овој филм ѝ ја одбележал кариерата и дека генерално ја препознаваат по него. Денес таа режира претстави и предава во школа за глума. Понекогаш игра улоги во филм и театар, а живее во Белград.
Другата актерка пак, која е заслужна што овој филм и понатаму е жив, е Ксенија Пајиќ која е родена на 30 јуни 1961 година. Во текот на осумдесеттите години таа важеше за една од најатрактивните актерки на овие простори, но најголема слава ѝ донесе филмот „Офицерот со розата“.
За нејзината хемија со Жарко сѐ уште се зборува, бидејќи тие заедно ја снимија една од најврелите сцени во југословенската кинематографија. Оваа улога на актерката ѝ отвори многу врати, по што таа оствари значајни улоги во театар, но и на телевизија, а последниве години ја гледаме и речиси во секоја хрватска серија.