Владо Калембер остана симбол на Југославија, со оглед на тоа дека на овие простори важеше за најголем заводник на музичката сцена, а сите жени го обожаваа. Тој имаше дуети со најголемите ѕвезди, неговата насмевка беше негово оружје, а и денес кога сѐ уште се занимава со музика, не би го менувал стилот.
Кариерата ја почна во седумдесеттите години, додека врвот на славата го достигна десет години подоцна. Важеше за еден од најубавите мажи на овие простори, а и ако денес ја погледнете неговата насмевка, ќе сфатите за што точно станува збор.
Во 1978 година ја основаше групата „Сребрна крила“, а песните и денес се големи хитови. Пејачот има 70 години, а овој податок изненади многумина од неговите фанови. Роден е на 26 април 1953 година во Струмица.