Без разлика дали имате 35 или 37 години, чувството дека сте дошле до точка во која сте ја пропуштиле шансата за љубов, може да предизвика сериозно губење на надежта.
Не е важно дали сакате да основате семејство или влегувате во своите „златни години“ и се плашите дека ќе ги поминете сами, безндежноста дека се чувствувате престаро за да пронајдете љубов, неретко може да ве доведе до тоа да станете скептични и да се откажете од таквото барање.
Од таа причина, сигурно барате одговори на некои прашања кои ве мачат, но престанете да го правите тоа! Не сте престари за љубов сѐ додека сѐ уште можете да го промените својот пристап.
Не постои старосна граница за забавување или заљубување, а без оглед на тоа колку години имате, желбата да пронајдете некој посебен и понатаму останува. Главната работа е да останете полни со надеж.
Многу луѓе се наоѓаат во ситуација во која излегуваат на состаноци и многу подоцна во животот, или затоа што биле во трка за кариера наместо за романса, или пак, затоа што се разведени.
Но ако погледнете, многу луѓе од 50 и нешто години, често имаат многу поголеми шанси за успех во љубовта од своите помлади колеги. И тоа од повеќе причини:
Знаат што сакаат
Како што пишува Womans World, младите имаат многу големи планови и идеи, но дури подоцна во животот навистина работат на остварување на она што им е важно. Скапата облека и статусните симболи се само привремени и не се неопходни за здрава и среќна врска. Со текот на годините, човек сфаќа дека личните квалитети како што се почитта и љубезноста, всушност може да траат на долг рок откако ќе избледат сјајот и гламурот.
Се познаваат себе
Дел од причината зошто им е тешко на младите да се најдат во еден сериозен љубовен однос, е тоа што се уште не се сигурни кои се, кои се нивните вредности или што сакаат да прават со времето кое го имаат. Тие веќе дошле во фаза од животот кога се посреќни и им е многу поудобно во сопствената кожа.
Емоционално се позрели
Многу луѓе не созреваат емоционално толку брзо како и физички. Способноста да се биде објективен, да се види нешто од друга точка на гледиште, да се одговори на фактите, а не да се реагира емотивно…сето ова се вештини кои се подобруваат со годините.
Повеќе го ценат животот
Додека дојдат до педесеттите години, повеќето луѓе веќе изгубиле некој свој близок – родители, роднини, пријатели. Таквото искуство може да има клучен ефект на нашата личност, поради што е помала веројатноста дека другите луѓе ќе ги земаат „зраво за готово“. Таквото искуство го прави човек поотворен кон тоа дека врската не мора да биде совршена за да биде среќна и исполнета.