Пред неколку години од турските хотели стаса вест дека македонски туристи го испиле целото пиво, а веќе денес се обрукаа српски туристи.
На Твитер се појави информација за туристки од Србија,кои краделе крпи во Аланија.
-Автобус кој ги возел патниците од хотелот до аеродром, во Аланија, Турција, не сакал да тргне се додека патниците не вратат 26 крпи украдени од хотелот. Тогаш намонтираните госпоѓи мораше да излезат од автобусот и да ги вратат крпите, некои украле и по четири крпи, пишува на Твитер.