Актерот Крис Нот (68) кој се прослави со улогата на „Ѕверка“ во серијата Сексот и градот, во своето прво интервју по обвинувањата за сексуално вознемирување, тврди дека е невин.
„Точно дека ја изневерив својата жена, тоа за неа беше страшен удар. Тоа не ме претставува во некое добро светло, но тоа не е кривично дело. Звучи како да се правдам, но не е така. Ништо од она што ќе го кажам нема да го промени туѓото мислење, но не сакам туку-така да се помирам со ова“, додаде тој.
„Има многу работи кои сакам да ги направам во мојата работа, имам деца кои треба да ги издржувам“, истакна познатиот актер.
Во декември 2021 година, две жени дадоа изјава за магазинот Холивудски репортер, во која тврдеа дека Нот ги силувал. На првата тоа ѝ се случило во 2004, а на втората во 2015 година. Актерот ги негираше овие обвинувања, а за медиумите изјави:
„Обвинувањата против мене се кажани од личности кои ги имам запознаена пред повеќе години, дури и пред една деценија. Категорично тврдам дека тие се лажни. Тешко е да не се запрашаш зошто овие приказни се објавени баш во ова време. Не знам со сигурност зошто се појавуваат баш сега, но го знам ова – не сум ги злоставувал тие жени“.
Некогашните соработнички од серијата Сексот и градот, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон објавија изјави во знак на поддршка за овие жени.
Со ова, кариерата на Крис Нот остана запечатена, па дури пропадна идејата тој да се врати во Сексот и градот.