Од задутре до 11 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира трето прскање против комарци и ларвицидна дизенсекција, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
На 9 и 10 август ќе се прска против комарци во општините Василево, Ново Село и Босилово, а на 10 и 11 во Гевгелија, Дојран и Струмица.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска.