Пејачот Дино Мерлин (59) уште од своите 17 години сака само една жена – Амела.
Нивната љубовна приказна е вистинска сага, почнала со криење и со голема страст, а денес трае повеќе од три децении. Поминувајќи низ различни предизвици, тие изградиле силен однос во семејниот живот со две деца.
Љубовната приказна меѓу Мерлин и неговата сегашна сопруга Амела, била прилично сложена. Имено, Амела потекнувала од угледна фамилија, што довело до тоа нејзините родители да негодуваат поради врската со Дино.
Тој тогаш влегувал во занаетот, додека Амела била средношколка и нејзините родители сакале таа да биде во рска со некој кој е на нејзино ниво во општеството. Сепак, нивната љубов била силна и непоколеблива, па кога имале 20 години, одлучиле тајно да се венчаат и покрај сите препреки.
„Се боревме, се криевме, се преселивме кај мојата мајка и веднаш се соочивме со секојдневието. Тоа беше голема одговорност, а родителите на Амела беа многу лути и не сакаа да слушнат за неа пола година“, раскажа Мерлин сеќавајќи се на тие денови.
Тој вели дека денот кога Амела му кажала дека го сака, е еден од најважните денови во неговиот живот. Нивната љубов никогаш не поминувала низ големи проблеми и скандали, а тој и понатаму е вљубен во неа како и првиот ден кога ја здогледал на 08 август 1979 година.
„Тој ден, Амела ми кажа дека ме сака. Денес тоа е еден од најважните датуми во мојо живот, но секогаш чувствувам грижа на совест што тоа не го одбележав онака како што заслужува. Веќе три и пол децении се трудам осми август да ѝ го направам посебен радувајќи ја повторно и повторно, но ми се чини дека ќе помине целиот живот, а јас никогаш нема доволно да успеам да искажам колку ми е важен тој ден“, изјави музичарот.
Од бракот со Амела тој има две деца – ќерката Наида и синот Хамза.
Неодамна тој стана и горд дедо, односно го доби името Незир.
„Да, жал ми е што моите деца толку бргу пораснаа. Во борбата за живот, често забораваме дека тој тече сега и овде. А кој е поважен во тој живот од оние кои ни се најблиски. Кога се роди Наидам јас тогаш ја почнував кариерата. Во текот на нејзиното растење доживеав сѐ, од скромност до богатство, метафорички зборувајќи. Наида се навикна на едноставен живот, па секогаш кога ќе ја прашав што да ѝ донесам од Њујорк или од Париз, таа одговараше – тато ти благодарам, јас имам сѐ, само дојди си што побргу дома“, раскажа Мерлин.