ДНК тестовите често се користат како начин за повторно спојување на семејствата ширум светот. Во една животна приказна, синот повторно се соединил со своите родители, 32 години откако бил киднапиран како двегодишно дете. Во друга животна приказна, бездомник повторно се сретнал со својот син откако биле разделени цели десет години. Многу луѓе не ни знаат за постоењето на некои нивни блиски, сѐ додека не се докаже спротивното. Кога ќе дознаат за тоа, нивните средби се неверојатно емотивни.
Токму таков е случајот на 78-годишниот Џон Причард, кој не знаел дека неговиот син Карл Бенсон постои повеќе од 50 години. Не знаел за него сѐ додека не добил електронска порака од еден човек кој тврдел дека е негов син. Бенсон (56) пратил свој ДНК примерок до една веб страница која се занимава со откривање потекло, по што добил шокантни резултати.
Бенсон му рекол на Причард: „ти и јас имам 100 отсто ДНК однос родител/дете. Многу би сакал да разговараме или да се сретнам со тебе за да ги наместиме и последните делчиња од сложувалката“.
Причард, кој бил роден во Велс, бил едно од многуте бебиња родени во текот на Втората светска војна. Причард имал тешко детство и бил злоставуван од страна на неговиот татко.
На 16 години го напуштил Велс, по што ја запознал мајката на Бенсон со која имале кратка романса.
Подоцна ја запознал Џил, жената која всушност му станала сопруга. Во тоа време, тој не знаел дека има син. Тоа не го знаел сѐ до 18 октомври 2021.
„Пред неколку години мојот син Џејсон одлучи да ми даде ДНК тест од забава како божиќен подарок. Го направив тоа, но никогаш не продолжив. Беше интересно само да се види позадината“, раскажал Бенсон, а сето ова довело до тоа тој конечно да воспостави врска.
„Стапив во контакт со братучедот на Џон преку чоек по име Мик Хенри, претседател на генеалошко друштво. Помина низ сите податоци, ги разгледа сите информации, дојде до своја роднина и ја праша дали може да го замоли Џон да ѐ се јави. Рече да, и тогаш ја спратив меил во кој пишуваше – здраво јас сум твој син“, додал Бенсон, раскажувајќи ја својата животна приказна.
Понатаму, во писмото стоело: „целосно разбирам дека ова е потенцијално тотална бомба и резултат на кој никој од нас не очекуваше дека ќе наиде. Но она што ќе го кажам е дека сѐ се случило пред повеќе од половина век и тука никој не може да биде повреден со ова откритие. Многу би сакал да разговарам со вас“.
Кога се сретнале, сличноста меѓу нив била неверојатна.
„Тоа беше најнадреално патување во мојот живот. Запознав човек со иста висина како и јас, големи раце, па помислив дека ова е правилно и погрешно на сите нивоа. Бев многу благодарен што воопшто е жив, а можеше да каже – не сакам да знам. Имаме иста смисла за хумор, двајцата сакаме мотори, се занимаваме со фитнес. Неверојатно е дека можете да бидете толку слични со некој кој тукушто сте го запознале“, додал Бенсон.
Неговиот татко пак, истакнал дека тој е прекрасен човек со убаво семејство и дека би сакал да се запознаеле пред многу, многу години.