Младата актерка, Клои Чери која стана позната по нејзината улога во серијата „Еуфорија“, била забележана во трговски центар во Пенсилванија како влегува во гардероба со брендирана маичка, а потоа ја напуштила гардеробата без неа.
Ова го пријавил вработен во трговскиот центар, кој ѝ ги покажал снимките на полицијата. Маицата на крај не успеале да ја пронајдат и заклучокот бил дека Клои ја зела.
Како што наведуваат странските медиуми, Клои купила некои други работи кои ги платила со кредитната картичка, но меѓу нив не била споменатата маица. Наводно, на крај таа признала дека ја зела маицата и ја вратила на полицијата.
Нејзиниот живот во серијата е далеку од едноставен, но очигледно таа и во приватниот живот се соочува со предизвици. Непосредно по завршување на средното образование, Клои потпишала договор со голема продуцентска куќа која се занимава со снимање филмови за возрасни. Улогата во ваквите филмови ја добила откако главниот продуцент ја „забележал“ на социјалните мрежи.
Во нејзиниот живот имало доста моменти на траума, а еден од нив ја довел до дијагноза – пореметување во исхраната.
Ѝ биле потребни пет години да се опорави од пореметувањето кое го добила на 18 години, откако нејзиниот неименуван порно агент од Мајами ја нарекол дебела и ѝ рекол да престане да јаде.
Ми рече – „сите велат дека си дебела и дека најбрзиот начин да изгубам тежина е да не јадам“, изјави Клои во поткастот Call her daddy.
„Пореметувањето во исхраната всушност ми се случи кога бев премногу млада. Имав 18 години кога ми беше соопштено такво нешто за првпат. Тоа беше навистина чудно, бидејќи никој во моето опкружување не забележа дека имам прекумерна тежина, а јас одеднаш станав опседната со тоа“, раскажа таа.
Наводно, Клои во светот на порно индустријата имала агент по име Рајли Рејнолдс, кој бил обвинет за разни криминали како кражби, измами, па дури и трговија со луѓе.
Во тој период, Клои била очајна и успевала да внесе само 200 калории дневно. Меѓутоа, во јуни 2020 година со помош на психотерапевтот и своите пријатели, успеала да го прекине таквиот маѓепсан круг.
Поради тоа, таа решила да почне со снимање поткаст, посветен на разговори за пореметување во исхраната.
Кариерата во порнографската индустрија ја довела до тоа да изгуби многу од своите другарки, но најболните зборови ги чула од својата мајка.
„Мајка ми ми рече дека сексуалната работа е најниското нешто што една личност може да го направи. И тоа е единствената работа која ќе ја споделам јавно, но и со која длабоко не се согласувам“, призна Клои и додаде дека останатото семејство ја поддржува за разлика од мајка ѝ.