Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. А, „лекот“, наводно, чини пет фунти, и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист.
Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи – „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија.
Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени – соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект.
И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“.
Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД.
Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност.
– Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додаде тој.
Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности.
– Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции… Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакна д-р Мецхер.
Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.