Месна заедица Галичник апелира до надлежните да им дадат насоки за делување, бидејќи не знаат како да се справат со непоканетит гости, мечки и мечиња во селото.
-Повеќе пати официјално се обраќаме до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, информираат од Галичник.
Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња .
-Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде, велат жителите на селото.