Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот, информираат од ОЈО Битола. .
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.