Денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја посети Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кавадарци, при што ги разгледаа противпожарните возила и секако најстарото, што е исправно и добро одржувано возило ,,ФАП 13” од 1976 година.
Ангелов изрази голема благодарност и им оддаде признание на 30-те кавадаречки пожарникари кои се одѕиваат на секој повик за помош при пожари на територијата насекаде низ државата.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, при кусо пробно возење на легендарниот противпожарен ,,ФАП 13”, лично се возеше заедно со еден од пожарникарите.
Додека се возеа Ангелов го праша пожарникарот дали овој „ФАП“ е ист како ониј, со кој пред две години јавноста си правеше шега.
-Ист е како тој од Гевгелија, само е малку во подобра состојба. А иста година на производство, иста технологија, рече пожарникарот.