Деновиве на социјалните мрежи повторно се шири видео од конфликт меѓу две жени од плажа на непозната локација.
Видеото досега собра стотици илјади прегледи и луѓето не престануваат да го коментираат однесувањето на една од жените.
-Не дозволувај твојата ќерка да го покажува задникот околу мојот четиригодишен син. Таа има 13 години. Не сакам да му се прикажува на син ми – викнала жената од плажа на жената која снимаше се. Шокираната жена под вербален напад се обидела да ја смири ситуацијата:
-Но, таа е на плажа и носи костим за капење – мирно одговори таа.
-Каква мајка дозволува детето да покаже толку многу – бесната жена продолжи со нападот.
-Тоа е костим за капење – повтори мајката на 13-годишното девојче.
- Не, тоа се танга – продолжи бесната мајка на четиригодишното дете.
Во разговорот потоа се вклучил и пријател на „напаѓачот“ кој се обидел да ја смири ситуацијата. Дури и некои од посетителите од плажата и сугерирале на бесната жена дека греши, дека костимот е сосема нормален и дека се на плажа. Сепак, тоа не ја спречило во понатамошни напади. Таа почнала со закани.
— ChudsOfTikTok (@ChudsOfTikTok) February 28, 2023
-Мислите дека видеото ќе ви помогне. Не ме познаваш, не знаеш каде живеам. Само ќе им покажеш на сите дека си никаква мајка која и дозволува на ќерка си да го направи тоа – викнала бесната жена и веднаш добила одговор
-Снимам за своја безбедност.
-Ќе те нокаутирам. Што ќе правиш тогаш? Дали видеото ќе ви помогне? Јас имам син, ти немаш. Тој не мора да зјапа во тоа. Ако мојот син ја силува твојата ќерка кога ќе порасне, тоа не е мој проблем – го завршува својот луд монолог бесната жена.
Нејзиното однесување веднаш го осудија многу корисници на Интернет, а некои шпекулираа дека била под дејство на алкохол…