Артан Груби јавно ве повика да кажете зошто палењето на неговото возило е криминален чин, беше запрашан денес Христијан Мицкоски во Битола.
На тоа Мицкоски одговори:
– Палење на било чие возило е криминален чин. Исто како што е оштетено возилото на Марија Митева, портпаролката на ВМРО ДПМНЕ. Исто како и на Дејан Продановски и Петар Ристовски од Прилеп. Не гледам зошто толкава возбуда има лицето кое го споменавте. Начинот на кој е направено тоа наликува на криминална пресметка, бидејќи најпрво сопственик на тоа тоа возило излезе дека е некое лице со 35 години, за кој овој човек тврдеше дека е успешен бизнисмен повеќе од 30 години , кој најверојатно со бизнис почнал да се занимава на неполни пет години Па тој успеал тајно од Артан Груби да инсталира флешери на возилото, а за тоа Груби не бил информиран?! Па како МВР дозволило да се инсалираат? Целиот еден сплет на настани со кој се спроведува овој криминален чин наведува на ваков заклучок. Место да ја превземе одговорноста ме прозива мене и ВМРО ДПМНЕ. Тој нека тера како замислил, ни ке тераме како сме замислиле а времето ќе покаже кој е во право, вели Мицкоски.