Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.
Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени вчера во Милано кога силен дожд и силен ветер ја погодија северна Ломбардија.
Според прогнозите, можни се и денеска нови врнежи во Милано, јавија италијанските медиоуми
„Невремето предизвика сериозни штети и на нашата електрична мрежа“, соопшти миланската транспортна компанија додека голем број луѓе на социјалните мрежи објавија дека нема струја во многу делови од градот.
Bella Italia hotel swimming pool during storm tonight. Every car on campsite has been damaged. @CarlowWeather pic.twitter.com/NY4puU23Zi
— Brian Sheehan (@BrianBsheehan) July 24, 2023
Пријавени се оштетувања на покриви, како и поплави поради количината на дожд и град што падна за краток временски период во Милано, како и многу соборени дрвја. Нема извештаи за повредени.
Невреме со грмотевици денеска се очекуваат и во Трентино Алто Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија.
#Milano Nuova tempesta nel corso della notte. La città si sveglia alle 4 del mattino sotto fortissime raffiche di vento. Cielo da "discoteca" con fulminazioni a raffica. #maltempo #LocalTeam pic.twitter.com/UtTjfCFez0
— Local Team (@localteamtv) July 25, 2023
Сосема спротивна е ситуацијата во останатиот дел од Италија, каде допрва треба да доминира африканскиот антициклон, поради што во некои централно-јужни области се уште се бележат исклучително високи температури кои во текот на денот ќе достигнат од 45 до 48 степени во Сицилија и во Апулија, пренесува МИА.
Италијанските медиуми, пак, јавуваат дека авионот, кој од Милано плетал за Њујорк, поради серизони оштетувања од силниот ветер и град, морал да слета во Рим.
il volo #DL185 decollato da #Milano #Malpensa diretto a #NewYork Jfk è atterrato a Roma Fiumicino dopo aver dichiarato emergenza salendo in quota, una forte grandinata ha danneggiato varie componenti#meteo #avgeek #maltempo #squawk7000 #hail #aviation pic.twitter.com/00StVGX3mH
— Vola Milano Malpensa [MXP] (@VolaMalpensa) July 24, 2023