Полицијата се уште го чека сопственикот на торба во која имало 22.650 евра во продавница за половни производи во градот Лимбург, објави денеска “The Brussels Times”.
Вработените ги пронашле парите при проверка на чантата пред продажба. Работникот Михиел Ватзел рече дека девет од 10 торби испорачани во продавницата се празни.
„Меѓутоа, оваа торба беше полна со сметки, од 50 до 500 евра. Не можев да поверувам кога ја видов. Мислев дека се лажни пари. Го известив менаџерот, а потоа дознавме дека се работи за 22.650 евра“, рекол тој.
Од локалната полиција посочуваат дека досега никој не ги побарал парите.
„Парите и чантата се под заштита според упатствата на обвинителството“, додаваат од полицијата.