Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина, информираат од Министерството за надворешни работи. Според МНР се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.
Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.
Упатуваат апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.
За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.