Една од оние кои биле на Родос во моментот на пожарот е Тијана Ј., која го опишала сиот ужас што владеел на овој грчки остров како последица на пожарот.
Како што напиша таа на Фејсбук, успеала да го напушти Родос и моментално е во Атина.
Како што рече, нема зборови со кои може да се опише тој ужас.
-Пријатели, пристигнав во Атина. На Родос е пекол. И верувајте ми, тоа е потценување! Она што се случува таму не може да се опише со зборови, ниту со слики. Чадот што го вдишувате и саѓите што се собираат во вашиот нос и сите чувства што ги доживувате, ниту еден американски филм не може да ви го претстави. Целосната неорганизираност на власта и толпата разочарани туристи пред се, а потоа и обичните луѓе кои се обидуваат да спасат парче земја и она што го стекнале со децении, напиша таа во објава на Фејсбук групата “Live from Greece” од Грче“ во која е и администратор.