Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по опожарувањето на возилото даде наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите.
-Меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото.
🙄 Кај ги наоѓаат бе тие пријатели што им даваат да возакаат скапа кола дањум-ноќум со години?
🚘 Видеото е од август 2020 година. pic.twitter.com/hLO4EA7LqT
— ☀ М (@arozgj) July 23, 2023
Надлежен орган да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата. Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности, информираат од ОЈО.