Михаил Лабковски е руски психолог, писател, ТВ и радио водител. Успеал да дипломира на универзитет дури по третиот обид на 28-годишна возраст, а потоа се преселил во Израел и работел како психолог со проблематични тинејџери. По враќањето во Русија, тој отвори приватна ординација и започна како поканет експерт за радио и ТВ, а подоцна започна и свои емисии.
Во 2020 година, руски Форбс го прогласи Лабковски за најуспешен руски психолог со приход од повеќе од 130 милиони рубли годишно. До 2021 година, неговата книга „Сакам и сакам“ е продадена во повеќе од милион примероци.
А еве што вели тој, кои 10 квалитети ги поседува секоја остварена жена.
- Од детството научила да се потпира само на себе
Дури и мама и тато да биле прекрасни, а нејзиното детство идилично, таа не чувствува дека некој нешто и должи или дека и е загарантиран прекрасен живот. Таа верува во сопствените напори, можности и способности. - Таа е доволна сама на себе
Не ѝ се потребни други луѓе, особено не мажи, за да си ги решаваат проблемите. Исто така, не и се потребни за да биде среќна. Таа сама си ги решава проблемите и се прави среќна. Други луѓе и доаѓаат како шлаг на тортата, и го прават животот посладок. - Таа е независна во секоја смисла на зборот
И пред се финансиски. Ваквите девојки најчесто од мали размислуваат како и каде ќе заработат за живот. Рано го напуштаат домот на нивните родители, не се плашат да одат во друг град или земја да студираат, да се развиваат и да растат. До 25-годишна возраст, таквите девојки веќе имаат јасен план за кариера, некои веќе имаат значително работно искуство и направиле неколку чекори во својата кариера. Тоа не се нужни чекори напред, односно не е неопходно сите да брзаат да станат големи газди. Тоа може да биде некое научно откритие, пишување книга, некоја корисна програма. Станува збор за тоа дека оваа девојка веќе направила нешто во животот до својата 25-та година и не само што планира и наоѓа објаснувања зошто не може да ги оствари своите планови. - Таа не бара помош
Со други зборови, можеби ќе праша, но тоа значи дека таа веќе пробала сè: ја анализирала ситуацијата, направила неколку обиди сама да стигне до целта и конечно се уверила дека нема доволно потенцијал, па решила да побара некој кој ќе и помогне. Но, додека не се увери дека проблемот не може да се реши без вклучување, така да се каже, туѓи ресурси, таа нема да бара помош. И има право. Интересно е што оваа особина најчесто се манифестира во училиште. Девојка, соочена со нерешлив проблем во математиката, цел ден седи над книга и дури навечер се обраќа кај мама или тато со барање да и помогнат. Во иднина, не толку успешните жени се однесуваат поинаку: при првата тешкотија кукаат и молат некој друг да го преземе проблемот на себе. - Таа не прави компромиси
Не се плаши дека нема да успее, дека нема да може сама да се справи со нешто, не им треба одобрување од другите. Овие девојки оставаат активности кои не ги исполнуваат, во тинејџерските години сами одлучуваат што ќе бидат кога ќе пораснат и во кое училиште да се запишат, овие ученички не купуваат семинарски трудови, затоа што ги интересира насоката што ја избрале, овие девојки не гледаат момчиња кои не ги почитуваат. Тие безмилосно отфрлаат се што не се вклопува во нивниот имиџ наречен „Како што јас сакам“. И спротивно на гласините на завидливите, тие добиваат работа, сопруг и живот што го посакуваат. Својата работа ја третираат бескомпромисно. Таквите жени нема да работат за понижувачки ниска плата, нема да трпат лоши услови за работа, нема да толерираат грубост на шефот или манипулација од колегите. Тие ќе заземат став за даден проблем, а ако ништо не се промени, ќе се преселат на друго работно место, во друг сектор или во друга компанија. - Никогаш не се споредува со никого
Таа не се споредува со нејзините пријатели, роднини или колеги во однос на нејзините достигнувања, финансии или социјален статус. Добро знае дека секогаш ќе има некој помлад, позгоден, побогат, поуспешен, погламурозен, можеби со титулата војвотка. Таа се споредува со себе, онаа од вчера или онаа од минатата година и ги оценува само нејзините достигнувања во тој период. - Задоволна е со својот изглед
Не сака да го оперира носот, не ги зголемува усните и градите, не е постојано на диета и не се нервира што ќе изеде две парчиња торта. Се грижи за себе, се грижи за својот изглед и не се жали дека не е доволно убава. Таа се грижи за својот изглед без намера да го промени. - Не сонува за брак
Но, не затоа што никој не ја сака, никако. Може да има милион љубовници, но не сака да основа семејство со нив. Нејзе ѝ е неинтересен инфантилен и слаб маж, а паметен, амбициозен и семејно ориентиран маж е, за жал, ретка појава кај нас. За среќа, тоа не и пречи на остварената жена, бидејќи нејзината среќа не зависи од другите. - Таа не прифаќа нееднаквост
Принципот „мажот е хранител“ за неа е сосема незамислив. Со неа можете да комуницирате само на рамноправна основа, и не е важно кој е побогат, поавторитетен или зазема повисока позиција. Ќе разговара со извршниот директор на државна корпорација како и со касиерката во маркет, никогаш нема да дозволи да биде груба со келнер,но нема да толерира никакво омаловажување од сопственикот на спортскиот клуб каде што е активна. - Никогаш нема да ја напушти работата
И да има милијарди на сметката, за неа не се во прашање пари. Таа ги постигнува своите цели, ја сака својата работа и никогаш не помислува да остави се и да седи дома. Не оди на работа за да падне на нос, туку да го работи тоа што го сака.- Извор: жена.блиц.рс