Две лица загинаа во невремето што денеска околу 16 часот го зафати Загреб, информира Јутарњи.
Љупка Хитрова од Институтот за итна медицина наведува дека загинале двајца мажи.
Dramatični prizori nevremena u Zagrebu pic.twitter.com/tFVEdy1P9y
— Index.hr (@indexhr) July 19, 2023
-Имаме двајца мажи кои загинаа поради паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата – рече Хитрова.
Таа додаде дека има многу повредени низ градот.
Невремето кое траело околу 20 минути, урнало гранки и дрвја низ градот.
Силниот ветер ги однел дури и покривите. Трамваите престанале да сообраќаат поради прекини на струја, додека многу улици биле поплавени. Во еден момент се чинело како да с стемнило. Сирените одекнуваа низ градот додека пожарникарите имаа полни раце работа.
Јутарњи јавува дека кран паднал и спасувачите се обидуваат да го извлечат работникот.
За време на страшното невреме што рано денеска ја зафати Словенија, едно лице загина во Блед, потврдија од полицијата за 24ур. Според непотврдени информации, станува збор за помлада жена која загинала кога врз неа паднало дрво.