Неодамнешната вест за разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело беше изненадување за многумина. Парот беше во брак речиси осум години, а медиумите веќе шпекулираат кои се можните причини за разделбата.
Софија и Џо почнаа да се соочуваат со проблемите во бракот откако почнаа да ги си ги покажуваат своите „вистински верзии“. Тие се венчаа на Флорида во 2015 година и немаат деца. По веста за разводот, јавноста почна да коментира дека можеби тоа го иницирало проблемот.
Извори блиски на парот изјавија дека тие се оддалечиле поради различните ставови – откако прво се зближија токму поради своите спротивности.
-Џо е големо дете, сака видео игри, филмови за суперхерои, стрипови. Тој секогаш сака да биде надвор, едноставно сака добра забава. И потоа кога е време за сериозност и кога е време за работа тој знае да го „вклучи“ тој дел од себе, но секогаш е подготвен да живее со полни гради и да излезе од дома и само да се забавува и забавува – изјавија изворите.
Софија пак, е целосна спротивност и веројатно ѝ дошло преку глава. Таа исто така е темпераментна и може бргу да се налути за глупости.
Тоа и не беше баш воочливо додека се забавуваа, но потоа на површина испливаа нивните вистински верзии и почнаа да ја бират работата пред меѓусебните дружби.
Така почна да им се намалува желбата да бидат заедно. Нивните ставови во врска со сè беа целосно спротивни и врската дојде до точка кога и ситница беше доволна за да им го уништи денот.
Всушност, тие се многу пооопуштени кога не се заедно. Џо минатат недела преку објава на Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на актерката и под нивната заедничка фотографија напиша „среќен роденден, Софија“, што многумина го оценија како „студена порака“, имајќи ги предвид неговите претходни јавни обраќања.